Англискиот шампион Манчестер Сити ќе го купи левиот бек на Брајтон, Марк Кукуреља. По долги преговори, сепак, е најдено решение меѓу двата клуба, а фудбалерот уште претходно ги договори личните услови.
Манчестер Сити на Брајтон ќе му плати 36 милиони евра, плус бонуси, и Пеп Гвардиола конечно ќе го добие засилувањето што му недостигаше за да го склопи мозаикот за новата сезона.
Кукуреља ќе го заземе местото на Зинченко во тимот и ќе биде прв избор за позицијата лев бек. Тој е дете на Барселона, ја мина младинската академија „Ла Масија“, но никогаш не одиграл меч за првиот тим на каталонскиот клуб. Беше испратен на позајмица во Еибар и во Хетафе, а Брајтон плати 18 милиони евра за да го доведе во Премиер – лигата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski