Кристал Палас потпиша петгодишен договор со американскиот интернационалец Крис Ричардс од Баерн Минхен, објавија двата клуба. Според „Би-Би-Си“, трансферната сума за 22-годишниот централен дефанзивец е 8,5 милиони фунти, но со бонуси може да се искачи на 11 милиони.
„Навистина сум среќен. Проектот во Кристал Палас е импресивен. Има многу млади момци овде за кои допрва претстојат големите битки”, изјави тој за официјалната веб-страница на англискиот клуб.
Ричардс пристигна во Баерн во 2018 година од Далас. Тој забележа десет настапи за Баварците од неговото деби во 2020 година, а беше и на позајмица во Хофенхајм, за кој играше 34 пати во сите натпреварувања.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski