
Францускиот ас Карим Бензема после Пари Сен Жермен, му одржа лекција и на европскиот првак Челси, и тоа на „Стемфорд бриџ“. Постигна хет – трик и му донесе на Реал Мадрид голем триумф (1-3) кој го носи многу блиску до пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Бензема во 21.минута го отвори резултатот со прекрасен шут со глава, а само три минути подоцна постигна уште еден. Каи Хаверц во 40.минута ја врати надежта на Челси, но на почетокот на второто полувреме по кардиналната грешка на одбраната и голманот Менди, Бензема украде топка и погоди од далечина во празната мрежа за конечни 1-3.
Лукаку и Зијеч имаа шанса да намалат, но не беа прецизни.
Вилјареал направи изненадување и го совлада Баерн Минхен со 1-0 на „Естадио де ла Керамика“. Данџума во осмата минута го постигна победничкиот гол за Вилјареал, а кон крајот на првиот дел не беше признат и уште по прегледување на ВАР-снимка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
