Connect with us

Костовски и Трајковски се враќаат во Силекс

Кратовски Силекс за новата сезона ги врати во своите редови голманот Горан Трајковски и напаѓачот Кристијан Костовски.

Офанзивецот Костовски, по успешна сезона во Македонија ЃП, повторно се враќа во редовите на Силекс, а Трајковски имаше одличен период на „калење“ во второлигашот Плачковица па сега се враќа меѓу кратовци. Прв голман на Силекс и натаму ќе биде Андреја Ефремов, кој и покрај неколку понуди од домашни клубови, одлучи да остане во Кратово.

Од Силекс најверојатно заминува Стефан Истатов. Кратовци во своите редови го посакуваат и досегашниот фудбалер од средниот ред на Македонија ЃП, Остоја Стјепановиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови