Connect with us

Конте оди на операција, нема да го води Тотенхем против Манчестер Сити

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, ќе биде опериран, официјално соопштија од клубот. Тој претрпел силни болки во стомакот и по деталниот преглед од лекар станало јасно дека има холециститис (акутно и хронично воспаление на жолчното кесе), за што е потребна операција.


Конте најверојатно ќе отсуствува неколку дена и речиси сигурно нема да ги води лондончани на дербито против Манчестер Сити в недела.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови