
Повеќе од интересна пролет ја очекува „источната страна“ од македонската второлигашка конкуренција, ако се суди според амбициите на пет клуба во битката за првите две позиции на табелата.
Велешки Борец, Кит Го од Пехчево, Тиквеш од Кавадарци, Кожуф и штипска Брегалница дефинитивно негуваат амбиции за првите две места во Втората лига – Исток кои носат надеж за промоција во елитното друштво од следната сезона. Токму затоа и засилувањата во зимскиот преоден рок, пред утрешниот старт на пролетта, се најочигледни во овие пет клуба, иако во овој преоден рок сериозно се подновија и Каменица Саса и Детонит јуниор од Радовиш.
Факт е дека, согласно пазарот зимава, се издвојува Кит Го од Пехчево кој своите редови ги засили со неколку докажани прволигашки имиња меѓу кои поранешниот напаѓач на Вардар, Антонио Бујчевски, како и Благој Гуцев кој пристигна од косовска Трепча но и Александар Пановски од Силекс. Сето тоа јасно навестува дека пехчевци атакуваат на првите две места. Во очигледна предност за првата позиција секако е Борец Велес, кој и наспроти бодовното салдо во плус во однос на конкурентите, зимава ангажираше и неколку докажани фудбалери меѓу кои Филип Петров и Оливер Стоименовски кои треба да донесат сериозна свежина.
Кога ќе се сумираат сите трансфери, во Втората лига – Исток во зимскиот преоден рок 2018/2019, ФК Детонит јуниор донесе најмногу нови фудбалери – девет, а најголем број, пак, заминаа од ФК Каменица Саса – 15…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)
