Connect with us

КОЛУМНА – Филип Лам: Германија и Англија се големи ривали, а всушност се толку слични

„Views of a footballer“ е колумна на Филип Лам, во соработка со новинарот Оливер Фрич, на германскиот интернет магазин „Zeit Online“, која ексклузивно во Македонија ја објавува www.makfudbal.mk. Истовремено колумната се објавува и во неколку реномирани медиуми во Европа (The Guardian, La Repubblica, Politiken, Delo, Sports Daily, Sport Voetbalmagazine, Gazeta Wyborcza, Tribuna, Dennik).


Поранешниот капитен на светскиот првак Германија и директор на турнирот ЕВРО 2024 ќе ги анализира фудбалските теми и ќе разговара за нивната стратешка важност за општеството, економијата и политиката.

Моите први спомени како фудбалски навивач имаат врска со Англија. Јас се поврзав со мојата репрезентација во двата полуфинални дуели во 1990 и 1996 година. Германија ги доби двата натпревари на пенали и ја освои титулата. Англија можеше да победи и во двата меча. Бев импресиониран од бескрајната енергија на Пол Гаскоњ. Тој беше најсјајната, но и најтрагична фигура за Англија.


Во 1990 година, тој доби втор жолт картон и замина во солзи, што ќе го суспендираше за финалето. Во 1996 година, тој беше кус за дваесетина сантиметри за да го постигне златниот гол во судиското продолжение. Тој се лизна покрај топката на подалечната статива, а тоа навивачите на Германија ќе го паметат засекогаш.
Европското првенство во 1996 година беше одличен турнир. Чист фудбал. Фудбалот се враќа дома – тоа беше одличен слоган за турнир во Англија, исто така фудбалска песна за векови.

Фудбалот се враќа дома, не секој може да го каже тоа, но Англија може. Сите се чувствуваа како дома во атмосферата на Олд Трафорд, Хилсборо, Сент Џејмс Парк или Вембли. Така треба да биде, тука се работи за фудбалот.


Така беше во 2006 година за време на „Сомермерхен“ во Германија, „die Welt zu Gast bei Freunden“ (светските пријатели во посета). И, ако можеме да го сториме тоа повторно на ЕВРО 2024, како што направивме во 1996 и 2006 година, сè ќе биде супер. Тоа е она кон што се стремам како директор на турнирот на следното Европско првенство.

Една деценија подоцна во националниот тим морав да се справам со двајца победници во 1996 година, Јирген Клинсман и Оливер Бироф, кој и денеска е менаџер во ДФБ. За Англија, Герет Саутгејт се стави на линија. Тој го промаши решавачкиот удар од пенал во 1996 година, а подоцна го извади „мики од себе“ за ова промашување во рекламна кампања. Импресиониран сум и од начинот на кој тој сега презема голема одговорност како селектор на националниот тим, се идентификува со својата задача и го развива тимот. Во 2018 година тој веќе беше во полуфиналето. Можете да почувствувате дека тој сè уште сака да направи нешто.

Може ли Англија да освои нешто? Условите за Саутгејт се добри. Рахим Стерлинг, Мејсон Маунт, Фил Фоден, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо се млади талентирани играчи кои со задоволство настапуваат, а публиката ужива да ги гледа. Може ли тие да остават свој белег и на националниот тим на долг рок, дали ќе освојат титули?

Во Германија, ерата на Јоаким Лев ќе заврши, но во спротивно, прашањето е исто. Ако не ја занемариме улога на Јоаким Лев со враќањето на Матс Хумелс и на Томас Милер, тука исто така се работи за нова генерација. Колку на крајот ќе бидат добри Џошуа Кимих, Каи Хаверц, Леон Горецка, Серж Гнабри, Лерој Сане или Тимо Вернер, дали можат да бидат лицето на успешна репрезентација, останува да видиме во оваа деценија. Има уште една заедничка работа: двата тима се разновидни. Тоа е предност што може да се претвори во одличен фудбал.

Имам и лично искуство со Англија како играч. Во 2007 година победивме со 2-1 на Вембли со националниот тим на тест натпревар. Бев млад играч и ми беше доверено да ја носам капитенската лента за првпат, што ја презедов од Бернд Шнајдер во 90. минута. Како исклучок, Јоаким Лев ме користеше во средниот ред. Тоа беше забавно за мене, бидејќи ја научив таа позиција во мојата младост во Баерн Минхен. Повеќето натпревари ги играв во мојата кариера како бек. Во слична ситуација е и Џошуа Кимих. Затоа јас на него повеќе гледам како дистрибутер на топки во средниот ред.

Во победата од 4-1 во осминафиналето на СП 2010, нашата млада репрезентација имаше голема самодоверба дека можеме да бидеме силни. Сè уште не бевме зрел тим. Но, за првпат го покажавме нашиот потенцијал, што не доведе до титулата четири години подоцна. Овој натпревар, како и буквално сите натпревари меѓу нашите две големи фудбалски нации, можеа да завршат поинаку.

Ударот на Франк Лампард јасно ја погоди целта, но не беше признат за погодок. Во денешно време, технологијата за гол-линија ќе се вклучеше и Англија ќе имаше постигнато гол. Ја ценам оваа дигитална помош, за разлика од ВАР, кој делегира одговорност – се подалеку од човекот, а во корист на машината.


Што ќе видиме денеска на Вембли? Ќе се сретнат два тима кои се во иста фаза на развој и не се разликуваат многу. Германија и Англија се нарекуваат ривали, но тие играат фудбал на сличен начин. Стилот на двата тима не е толку хомоген како оној на Италија или Шпанија. Од друга страна, и двете селекции играат послободно и непредвидливо. Англија, сепак, создаде поголема стабилност под Саутгејт отколку Германија; поранешниот дефанзивец наоѓа подобар баланс помеѓу одбраната и нападот. Гол – разликата во групната фаза (2-0) го покажува тоа.

Можеби Англија овојпат нема да остане и ќе го најде својот херој. Германија, од друга страна, која веќе постигна шест гола на овој турнир, но и со примени пет погодоци, ќе се надева на своите индивидуалци во нападот. И, се разбира, тоа ќе биде и емотивен настан за љубителите на фудбалот ширум континентот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови