Во просториите на ФФМ денеска (12.30 часот) по пат на ждрепка ќе се формираат двојките во баражите за учество во Првата македонска фудбалска лига. Двата прволигаши, Силекс и Ренова, ги очекуваат предизвикувачите од второлигашка конкуренција, второпласираните екипи на Истокот и на Западот, Тиквеш и Охрид.
Тиквеш во текот на целата сезона беше второпласиран во Втората лига Исток, додека Охрид во финишот успеа да стигне до второто место во Втората лига Запад.
Натпреварите од баражот ќе се играат на неутрален терен, најверојатно во Скопје на Националната арена „Тодор Проевски“ и терените од ФФМ. Мечевите неофицијално се закажани за 25 мај (вторник).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski