Реал Мадрид е победник на годинашното издание во Лигата на шампионите, го кренаа „кралевите“ 14. трофеј, а менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, имаше енергија за духовит одговор и поркрај поразот.
„Кога ќе изгубите, мора да си мислите дека можевме подобро. Дали е можно во натпреварот 63 да одиграте апсолутно најдобро? Не знам. Не ја добивме нашата награда и тоа е дел од играта – тоа никогаш нема да се промени. Реал Мадрид ќе загуби финале еден ден, но тоа не се случи вечерва. Овој тим на Реал Мадрид е неверојатно искусен. Го имаат најискусниот и најуспешен менаџер во европскиот фудбал. Во тесен фудбалски натпревар во кој имавме многу повеќе удари, на крајот не победивме. Лесно е да се каже зошто, не постигнување гол. Другиот проблем е што од 24 шута паметам само три одбрани од светска класа на Куртоа. Со нашиот квалитет можеме да им правиме повеќе проблеми на противниците“, изјави Јирген Клоп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













