Connect with us

Клоп: Можам само да им се извинам на навивачите

Ливерпул во голема мера стави крај на сништата за титулата во Премиер – лигата откако претрпе пораз од 2-0 во градското дерби против Евертон. Јирген Клоп им се извини на навивачите по неубедливиот настап на „црвените“.


„Не знам како да го коментирам резултатот од натпреварот, можам само да им се извинам на навивачите. Требаше многу работи да ги направиме подобро на овој дуел, но не ги направивме. За жал, Арсенал и Манчестер Сити ќе мора да имаат многу лоши денови за да ја освоиме титулата. Вистината е дека борбата за титулата во моментов не е во наши раце, тоа што можеме да направиме е да ги добиеме сите натпревари до крајот“, изјави германскиот стратег.

Јирген Клоп по завршувањето на сезоната заминува од клупата на Ливерпул, а најблиску до негов наследник е тренерот на Феенорд, Арне Слот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови