Челси направи гигантски чекор кон финалето на Конференциската лига, откако на гостински терен го декласираше Ѓургарден со 1-4 во првиот полуфинален дуел.
Екипата на Енцо Мареска доминираше од првата минута, а веќе на полувреме водеше со 0-2. Џејдон Санчо го отвори резултатот, а Нони Мадуеке беше стрелец на вториот гол.
Во вториот дел блесна Николас Џексон – два гола за потврда на триумфот на „сините“.
Почесниот погодок за Ѓургарден беше дело на Исак Мулугета, но Швеѓаните не успеаја да им парираат на расположените лондончани. Реваншот на „Стемфорд бриџ“ на 8 мај изгледа како формалност – Челси е со двете нозе во финалето.
Во вториот полуфинален дуел, Бетис славеше со 2-1 против Фиорентина во Севилја.
Шпанскиот тим, предводен од искусниот стратег Мануел Пелегрини, дојде до предност преку Абде Езалзуи во првото полувреме, а потоа Ентони со прекрасен погодок во 64. минута зголеми на 2-0. Но, Италијанците не се предадоа – Лука Раниери погоди во 73. минута и ја врати надежта за „виолетовите“.
Реваншот на „Артемио Франки“ најавува голема драма – кој ќе биде ривалот на речиси сигурниот Челси во финалето?
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













