Connect with us

Кјаер: Сега Ериксен е добро и ние можеме да мислиме на фудбал

Данска прејде преку милион премрежја од почетокот на Европското првенство. Најдобриот дански фудбалер Кристијан Ериксен колабираше на мечот против Финска уште на стартот, а фудбалерите и фановите минаа низ неверојатна емотивна фаза мислејќи на својот соиграч и пријател. Тој мина шест дена во болница, му беше вграден дефибрилатор откако лекарскиот тим на теренот првично му го спаси животот со реанимација.

Сега конечно Ериксен се чувствува многу подобро и му олесна на Симон Кјаер, неговиот најдобар пријател, како и на сите фудбалери од данската репрезентација.

„Поминавме низ многу емотивен период. Адреналинот беше на максимално ниво, можеби и не сме свесни што се преживеавме. Фала му на бога, сега Ериксен е добро и ние можеме да мислиме на фудбалот. Тој е нашиот најголем мотиватор и ќе играме за него и против Англија. Тие се одлична селекција, ќе играат дома на „Вембли“, но ние не се предаваме и сакаме во финалето“, изјави Симон Кјаер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови