Connect with us

Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки повикани за мечевите со Косово

Женската фудбалска репрезентација на Македонија в петок, 27. октомври (тренинг центар „Петар Милошевски“) и вторник, 31. октомври против Косово ќе ги одигра натпреварите од групата 5 (2. и 3. коло) во Лигата на нации.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов за пресметките против Косово ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Лина Самарџиоска (Вајхо, Шведска), Ведрана Комненова (Скопје);

Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје 2014), Михаела Додевска (Скопје), Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Александра Јовановска (Истатов), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);

Среден ред: Драгана Костова (Каменица САСА), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Кристина Крстева (Скопје), Хава Мустафа (Шкендија), Оливера Цоклеска (Ас Јунајтед);

Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје 2014), Јилза Максути (Ас Јунајтед), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен);

Домашниот натпревар против Косово ќе се одигра во 13:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Македонската женска репрезентација на воведниот меч од групата во Лига на нации минимално со 1:0 загуби од Бугарија на домашен терен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови