Реал Мадрид веќе го одредил новиот сопственик на дресот со број 10, кој од 2017 година го носеше хрватската фудбалска икона Лука Модриќ. Според ексклузивни информации на „Ел Чирингито“, „десетката“ од следната сезона ќе му припаѓа на Килијан Мбапе.
Модриќ ќе го напушти клубот по завршувањето на Светското клупско првенство (14 јуни – 13 јули), а со тоа ќе ја отстапи и славната бројка која ја носеше седум сезони. „Марка“, шпанскиот весник близок до клубот, неодамна го прогласи Модриќ за најдобрата „десетка“ во историјата на Реал Мадрид.
Последниот танц на Модриќ со Реал – Светското клупско првенство
Килијан Мбапе веќе во својата дебитантска сезона на „Сантијаго Бернабеу“ имаше фантастично влијание – настапи на 55 натпревари, постигна 42 голови и запиша четири асистенции. Тој е најдобар стрелец во Ла Лига со 31 гол на 34 меча и веќе ја освои „Златната копачка“ на Европа.
Сезонава играше со број „9“, но од летово ќе ја добие честа да го носи дресот што го носеле некои од најголемите имиња во историјата на Реал.
Модриќ, кој во средината на јули ќе го напушти клубот, е рекордер по бројот на освоени трофеи во дресот на „кралскиот клуб“. Претстојното Светско клупско првенство во САД ќе биде негова последна шанса да го подигне својот 29. трофеј со Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













