Connect with us

Кејн со голем гест кон фановите на Тотенхем кои залудно дојдоа од Америка

Хари Кејн направи капитенски потег и ги покани американските фанови на Тотенхем да бидат негови гости во Лондон откако тие од Далас залудно дојдоа за да го следат мечот против Барнли кој беше одложен изминатиов викенд поради обилни снежни врнежи. Брачна двојка од Далас поради страста кон Тотенхем се одлучи на големо патешествие, повеќе од 31 час патуваше од САД до Велика Британија со авион и со воз за да стигне во Барнли неколку часа пред неделниот натпревар. Но, поради снежните врнежи Премиер – лигата го одложи натпреварот за друг термин.

„За вашата посветеност кон клубот и за да надоместам за одложувањето на натпреварот, би сакал да ве поканам на домашен натпревар на Тотенхем како мои гости кога следниот пат ќе бидете во Лондон“, им порача Хари Кејн на американските фанови на Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови