Connect with us

Каталонија бара Реал Мадрид да го повлече видеото во кое Барселона се поврзува со режимот на Франко

Владата на шпанската провинција Каталонија побара од Реал Мадрид да го отстрани видеото со кое ја поврзаа Барселона со режимот на Франциско Франко, велејќи дека се работи за „груба манипулација на историјата“, а постапката е неодговорна.


Реал Мадрид го објави видеото откако клубот беше прозван од претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, кој ги опиша „кралевите“ како „тим на режимот“ кој постојано добивал услуги од судиите.

Во четириминутното видео преку архивски снимки, Реал Мадрид потсетува дека Барселона му понудила три медали на Франко, го направила почесен член на клубот и имале голем успех за време на неговиот режим.

„Се работи за груба манипулација на историјата како од прирачник. Тоа е загрижувачки, неодговорно и навредливо кон луѓето кои страдаа од режимот на Франко. Би бил вистински потег Реал Мадрид да го повлече видеото и да се извини“, изјави портпаролката Патрисија Плажа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови