
Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас, со статус на Твитер веројатно најдобро ја опиша играта на Карим Бензема на „Стемфорд бриџ“. Тој постигна хет-трик во триумфот од 1-3 во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите во Лондон.
„К9 е Спајдермен. К9 е Вулверин. К9 е чуварот во твојата зграда. К9 е твојот најдобар пријател. К9 е твојата баба. К9 е претседател на Америка. К9 е помошен падобран. К9 е твојот ангел чувар. К9 е Бог! Карим Бензема“, напиша Касилјас.
Касилјас (40) и Бензема играа заедно од 2009 година, кога Французинот дојде од Лион во Реал, до 2015 година, кога Шпанецот од Реал замина во Порто. Во споменатите шест години како соиграчи освоија една шпанска и една европска титула и два кралски купа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
