Connect with us

Карабах води против Шкендија на полувреме (0-1)

Македонскиот првак Шкендија има негатива (0-1) против Карабах по првото полувреме од воведниот меч во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Еден невнимателен старт на работ на шеснаесетникот, кој со ВАР одлука беше претворен во пенал за гостите, го донесе единствениот гол во првото полувреме.

Стрелец на голот за Карабах од пенал беше Торал Бајрамов во 18.минута.

По водството, Карабах имаше уште две одлични шанси, но Бабукар Геје еднаш добро интервенираше, а вториот пат шутот кон неговиот гол беше непрецизен.

Шкендија исто така имаше две убави можности, преку капитенот Бесарт Ибраими.

Во првиот обид беше за малку непрецизен, а во вториот гостинскиот голман Матеуш Кохалски успеа да одбрани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови