Фабио Капело, легендарниот италијански тренер, на доделувањето на наградите „Лауреус“ зборуваше за најдобрите фудбалери на сите времиња и најдобрите на денешницата.
„Ламин Јамал од Барселона е многу интересен играч, но нема да биде гениј како Меси, Пеле и Марадона. Тие беа генијалци. Кристијано Роналдо е одличен, освои многу трофеи „Златна топка“, но не е како Меси. Тој не е генијалец, а кога сме кај нив, заборавив еден кој исто така може да се опише: Роналдо Феномено.
„Бев изненаден од Џуд Белингам оваа сезона, не очекував Англичанецот толку брзо да има толку големо влијание врз Реал Мадрид. Килијан Мбапе? Уникатен играч, тој може да направи разлика во секунда и тешко е да го запрете“, истакна Капело.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski