
Фудбалската репрезентацијата на Македонија до 21 година во ноември ги продолжува квалификациите за пласман на ЕП 2025 во Словачка.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварот против Грузија, на домашен терен во рамките на четвртото квалификациско коло од групата Ц и контролниот натпревар со Австрија на гостински терен.
„Не очекува еден исклучително тешок натпревар против репрезентацијата на Грузија и мораме да одиграме квалитетно и концентрирано во текот на сите 90 минути. Се работи за една квалитетна и цврста репрезентација. Во октомврискиот циклус имавме еден неочекуван пораз од Молдавија.На овај натпревар одиме на победа и да останеме во игра за тоа второ место во групата. Се соочуваме со одредени проблеми во играчкиот кадар, особено ослабнати сме со отуството на Бехар Фета поради повреда. Андреј Стојчевски ќе недостасува поради картони, а Марио Ричков е уште еден фудбалер кој нема да биде во можност да се стави на располагање поради повреда, Имаме тројца нови играчи Димитриј Поповски, Ардијан Цилафи, Фисник Исаки. Верувам дека ќе донесат добра енергија и квалитет во тимот. Имаме и втор натпревар со Австрија каде одиме да се надигруваме и да им дадеме шанса на оние кој имале помала минутажа во текот на квалификациите“, изјави селекторот Драги Канатларовски.
На списокот се наоѓаат следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Марко Алчевски – А.П. Брера
Стефан Митрев – Кожуф
Иван Николоски – Победа
ОДБРАНА:
Димитриј Поповски – Силекс
Стефан Деспотовски – Работнички
Решат Рамадани – Динамо Киев
Имран Фетаи – Тиквеш
Андреј Стојчевски – Жилина
Виктор Крстевски – Гостивар
СРЕДЕН РЕД:
Иван Николов – Сондеријске
Ардијан Цилафи – Сампдорија
Хамза Рамани – Шкупи
Лука Станковски – Газиантеп
Алекс Златков – Шкупи
Димитар Тодоровски – Работнички
Матеј Ангелов – Работнички
Ване Крстевски – А.П. Брера
Берат Калкан – Каршијака
Фисник Исака – Б93
Методи Максимов – Шкендија
Христијан Георгиевски – Струга Трим Љум
НАПАД:
Марио Илиевски – Кишварда
Луан Абази – Шкупи
Димитар Трајков – А.П. Брера

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и ќе игра во Словенија?

Млади репрезентации
Ѓорге Џеков: Да го покажеме нашиот квалитет на мечевите против Косово

Евро-фудбал
Реал Мадрид тргнува по потписот на Родри

Евро-фудбал
Родриго донел одлука – останува во Реал

Прва лига
Турски сопственик го презема Тиквеш

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се договори со Баер Леверкузен
