Connect with us

Какво признание: Енис Барди најдобар изведувач на слободни удари во светот, подобар и од Меси

Македонскиот репрезентативец Енис Барди повеќе од еден месец е надвор од терените поради повредата на ’рбетот, но ги собира плодовите на одличните игри. Тој е статистички најдобриот изведувач на слободни удари во светот. Подобар дури и од Лионел Меси, најдобриот играч во Ла Лига и неколкукратен освојувач на „Златната топка“.

Статистиката вели дека Барди и Меси имаат постигнато најмногу голови од слободен удар во Ла Лига. Енис Барди шестпати ги тресел мрежите од слободен удар и за тоа му биле потребни 22 обиди, додека Лионел Меси има еден гол повеќе од прекин, но од дури 58 обиди. 

Енис Барди е цел на Њукасл и на Арсенал и во зимскиот преоден рок би можел да направи трансфер во Премиер – лигата. 

   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови