
Тимот на Работнички е победник во Купот на Македонија во кадетска конкуренција. Младите „романтичари“ во финалето на тренинг центарот „Петар Милошевски“ беа подобри од Шкендија со 4-0 (2-0).
Работнички во текот на целиот натревар ја имаше контролата на играта и резултатот. Победата можеше да биде изразена и со поголема разлика доколку тимот на Марјанчо Андревски во завршницата од првото полувреме беше поконцентрирана во искористувањето на шансите пред гостинскиот гол. Прекрасен погодок даде Тошевски во 19. минута, кога „измести“ неколку противнички фудбалери и биеше прецизно во горниот агол за 1:0. На полувреме Работнички ја удвои предноста по грешката на голманот на Шкендија најснаодлив беше Димитар Тодоров. Во второто полувреме Работнички со погодоците на Мелов и Масевски само ја потврдија доминацијата во финалниот натпревар и сосема заслужено стигнаа до пехарот.
ФК РАБОТНИЧКИ – ФК ШКЕНДИЈА 4:0 (2:0)
Тренинг центар „Петар Милошевски“. Стрелци: Давид Тошевски 19`, Димитар Тодоров 34`, Николај Мелов 54`, Дамјан Масевски 78`. Судии: Влатко Илиоски (Прилеп), Мартин Петковски (Куманово), Кире Нистров (Струмица)
ФК РАБОТНИЧКИ: Кирил Петрески (Александар Цветанов 86`), Кристијан Чурлинов, Христијан Стојановски (Матрин Стојчов 77`), Марко Андоновски, Давид Спасовски (Давор Јовановски 86`), Леонид Радев Јанкуловски (Рилинд Ајдини 68`), Дарко Костовски, Никола Андрески (Дамјан Масевски 72`), Димитар Тодоровски, Давид Тошевски (Трим Амбари 83`), Николај Мелов (Димитар Бојаџиевски 86`); Тренер: Марјанчо Андрески
ФК ШКЕНДИЈА: Астрит Амзаи, Андриан Бекири, Члирим Имери (Аган Зубер 46`), Имран Фетаи, Ерјон Нурадини, Абдулвахит Ајдини, Куштрим Таири, Рамин Алии (Мирлинд Даути 46`), Рони Синани, Ганц Гаши (Фитон Адеми 77`), Ардит Демири; Тренер: Бурхан Емурлаи;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?
