Connect with us

Јувентус се надева дека Ди Марија ќе се врати во тимот за дербито со Наполи

Светскиот шампион Анхел Ди Марија го пропушти вчерашниот дуел на Јувентус со Кремонезе, но клубот се надева дека ќе може да смета на него за следните натпревари. Надежите на Масимилијано Алегри се дека ако го одмори и против Удинезе в сабота, тогаш би можел да смета на него на следниот натпревар против Наполи.


34-годишниот крилен напаѓач има полесна повреда на скочниот зглоб.

Ди Марија пропушти шест натпревари во Серија А во првиот дел од сезоната. Тој имаше повреда и на Светското првенство, но сепак и помогна на Аргентина да дојде до титулата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови