
Јувентус испратил официјална понуда до Реал Мадрид за да го доведе Ендрик на позајмица до крајот на сезоната 2025/26, открива „Фишајес“.
Младиот бразилски напаѓач има проблем да се наметне во составот на мадридскиот гигант, особено по доаѓањето на Килијан Мбапе, како и поради конкуренцијата од Винисиус Жуниор, Родриго и Џуд Белингам. Затоа, Реал Мадрид активно бара опции за да му овозможи на Ендрик редовни настапи и развој во некое од топ 5 првенствата, а Јувентус веќе започнал преговори со шпанскиот клуб.
Италијанскиот тим, кој обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, е во процес на реновирање на напаѓачката линија и смета дека Ендрик може да биде клучен играч во новиот проект на клубот. Од своја страна, Ендрик имаше релативно скромна сезона 2024/25, со неколку блесоци во Купот на Кралот (5 голови во 6 натпревари), но најголем дел од времето во Ла Лига го минуваше на клупа.
Под водство на Карло Анчелоти, Ендрик доби само 847 минути, главно како замена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи и Конте ќе продолжат заедно

Интернационалци
Јован Манев со Ријека стигна до двојна круна во Хрватска

Евро-фудбал
Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Кристал Палас

Евро-фудбал
Реал Мадрид ќе го врати Нико Паз на Бернабеу“

Евро-фудбал
Гасперини ќе биде нов тренер на Рома?

Млади репрезентации
Младите фудбалери ремизираа без голови против Косово
