Јувентус најде замена за Пол Погба, кој се соочува со повеќегодишна суспензија поради позитивен допинг – тест. Погба падна на допинг тест по првенствениот натпревар против Удинезе на 20 август. Францускиот играч за врска остана на клупата цел натпревар, но беше еден од оние по случаен избор на тестирање.
Погба е автоматски суспендиран во очекување на анализа на Б-примерокот. Францускиот играч за врска би можел да биде суспендиран до четири години, а според вестите кои доаѓаат од Апенините, Јувентус ќе го раскине неговиот договор доколку се потврди наодот, без разлика на должината на забраната.
Италијанските медиуми пренесуваат дека торинскиот гигант веќе почнал да бара замена за Погба, а изборот паднал на играчот од средниот ред на Арсенал, Томас Парти (30).
Репрезентативецот на Гана веќе беше поврзуван со трансфер во италијанскиот гигант во текот на летото, но Арсенал не сакаше само така да го продаде. Парти во Арсенал пристигна во 2020 година од Атлетико Мадрид, а претходно играше за Мајорка и за Алмерија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













