Connect with us

Јувентус комплетно го откупи Федерико Киеза

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза, сега и официјално е играч на „бјанконерите“, објавија италијанските медиуми. Како што е познато, Киеза се пресели на стадионот „Алијанц“ во октомври 2020 година на позајмица за две сезони, а следното лето може да има постојан трансфер доколку се исполнат одредени услови.


Главен услов, сепак, беше пласманот на Јувентус во Лигата на шампионите, што го оствари вчера со победата над Венеција од 2-1.

Зделката меѓу Јувентус и Фиорентина е вредна 40 милиони евра кои мора да се исплатат во рок од три години, а сумата може да се зголеми за уште десет милиони доколку се постигнат одредени параметри. Досега Јувентус плати 10 милиони за Киеза во вид на пчозајмица, 3 милиони за сезоната 2020/2021 и уште 7 милиони евра за сезоната 2021/22.

Од следната сезона, Федерико Киеза ќе го носи дресот со број „10“. По заминувањето на Пауло Дибала, „десетката“ ќе му припадне на италијанскиот репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови