Бразилецот Нејмар му е понуден на Јувентус и се чини дека италијанскиот калчолигаш е сериозно заинтересиран за овој трансфер. За гигантот од Торино тоа е шанса да ја врати еуфоријата меѓу навивачите и многу посериозно да се наметне како кандидат за „скудетото“ во новата сезона во Серија А.
Пред неколку дена тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, разговарал со спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, а една од темите бил и Нејмар.
Бразилецот е во ПСЖ од летото 2017 година, кога пристигна од Барселона за светски рекорд од 222 милиони евра. На Јувентус очајно му треба офанзивец од класата Нејмар, но прашање е дали италијанскиот клуб може да ги следи финансиските барања.
Јувентус заврши на четвртото место во последните две сезони и сака што поскоро да се врати на врвот во Серија А и во европскиот фудбал.
Со Нејмар шансите за тоа значително би се зголемиле.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













