Connect with us

Јувентус ја зголеми понудата за Бремер, трансферот е блиску

Јувентус е се поблиску да го победи Интер и во последен момент да го добие дефанзивецот на Торино, Бремер, откако градските ривали ја прифатија нивната понуда за 25-годишниот фудбалер, пишуваат медиумите во Италија. Бразилецот исто така позитивно одговорил на условите предложени од „бјанконерите“.


Раководството на „Старата дама“ попладнево одржа состанок со Торино и ја даде својата понуда за најдобриот дефанзивец во Серија А минатата сезона. Станува збор за 40+7 милиони евра, што е повеќе од првичната понуда од 35+5 милиони. Со тоа „бјанконерите“ се новиот фаворит за потписот на Бразилецот.


За него Јувентус има подготвено петгодишен договор со плата од 4+1 милион евра по сезона и можеби дресот со број „3“ кој го ослободи Џорџо Кјелини.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови