Connect with us

Јувентус го смени Мота, нов тренер е Игор Тудор

Јувентус официјално соопшти дека Тијаго Мота од денеска веќе не е тренер на тимот од Торино.

Оваа одлука доаѓа по серијата слаби резултати на сите фронтови, што доведе до најави за негово разрешување. Клупското раководство веќе одлучи кој ќе го предводи тимот до крајот на сезоната. Таа задача му е доверена на хрватскиот стратег Игор Тудор.

Тудор е добро познато име во Јувентус, каде што како фудбалер помина девет сезони. Тренерската кариера ја градеше во повеќе клубови, вклучувајќи ги Хајдук Сплит, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе, Верона и Марсеј, со кој ја прекина соработката во 2023 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови