Јувентус ја официјализира довербата во својот тренер Игор Тудор со продолжување на договорот до јуни 2027 година, со можност за дополнителна една сезона. Овој потег доаѓа само неколку дена откако новиот генерален директор, Дамиен Комоли, јавно потврди дека Хрватот останува на кормилото и во наредната сезона. Новиот договор му обезбедува на Тудор годишна плата од 3 милиони евра, со бонус од еден милион евра.
„Страст, харизма и јувентински дух – три особини кои го опишуваат сето она што Тудор го донесе во тимот откако ја презеде функцијата на крајот на март. Сега е официјално: Игор Тудор ќе продолжи да го води првиот тим на Јувентус најмалку до 2027 година“, се наведува во соопштението на клубот.
Igor Tudor renews with Juventus 🤍🖤
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) June 13, 2025
Congratulations, Coach! 💪
Тудор беше именуван за главен тренер по разделбата со Тијаго Мота. Во последните девет натпревари од минатата сезона во Серија А, Тудор забележа пет победи, три нерешени и само еден пораз, со што успеа да го врати тимот во Лигата на шампионите, освојувајќи го четвртото место во лигата.
Неговото деби на клупата на „старата дама“ беше со победа против Џенова на домашен терен, а сезоната ја затвори со триумф на гости кај Венеција – клучен натпревар за обезбедување место во елитното европско натпреварување.
Пред Тудор сега стои ново предизвикување: подготовките за настапот на Светското клупско првенство во САД.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска













