Connect with us

Јуве во фотофинишот стигна до ЛШ пред Рома (ВИДЕО)

Јувентус успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, откако во драматично последно коло од Серија А славеше со 2-3 на гостувањето кај Венеција. „Старата дама“ сезоната ја заврши со 70 бодa, еден повеќе од Рома, која остана на петтата позиција и ќе игра во Лига Европа.

Мечот во Венеција беше полн со возбудувања. Кенан Јилдиз и Рандал Коло Муани ги постигнаа првите два гола за Јувентус, додека за домаќините стрелаа Даниел Фила и Риџечиано Хапс.

Решавачкиот гол го постигна Мануел Локатели од пенал во 73. минута.

Рома, и покрај победата со 0-2 на гостувањето кај Торино, остана без билет за Лигата на шампионите. Леандро Паредес од пенал и Алексис Салемакерс беа стрелци за римјаните.

Во останатите натпревари од последното коло, Лацио загуби дома од Лече со 0-1, Аталанта беше поразена во Бергамо од Парма со 2-3, а Фиорентина славеше на гостински терен против Удинезе со 2-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови