Connect with us

Јуве се спаси од пораз против Калјари (ВИДЕО)

Јувентус имаше два гола негатива на гостувањето кај Калјари, но на крајот успеа да остане непоразен и да освои бод играјќи 2-2. „Старата дама“ сега има 64 бода на третата позиција на табелата во Серија А.

Калјари поведе со голот на Џанлука Гаетано од пенал во 30.минута, а шест минути подоцна Јери Мина повторно од пенал зголеми на 2-0.

Душан Влаховиќ во 61.минута го постигна првиот гол за Јувентус со одличен шут од слободен удар, а израмнувањето дојде до автоголот на Досена во 87.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови