Connect with us

Јуве го продаде Роналдо по ’набавна’: На пет рати по 3 милиони евра

Италијанскиот калчолигаш Јувентус официјално ја потврди продажбата на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, а ги објави и деталите од трансферот. Португалецот замина за „само“ 15 милиони евра, и тоа овозможени англискиот премиерлигаш да ги плати на пет рати. Дополнителни 8 милиони евра Јувентус би можел да заработи со бонуси за успесите со новиот клуб.

Роналдо во Јувентус мина три сезони, освои неколку трофеи, но не и најважниот, пехарот во Лигата на шампионите, за кој всушност и беше доведен во Торино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови