Раководството на Милан го контактирало агентот на Јосип Иличиќ во изминатите денови со цел да го доведе на „Сан Сиро“ по завршувањето на оваа сезона. Познато е дека 33-годишниот словенечки репрезентативец веќе некое време размислува за заминување од Аталанта.
Неговиот договор со клубот од Бергамо има важност до јуни 2022 година, но постои опција да се продолжи на уште една година. Сепак, неговиот однос со тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, неодамна се влоши и како резултат на тоа, Иличиќ сака да го напушти клубот.
„Росонерите” оствариле контакт со агентот на Иличиќ информирајќи се за неговата достапност и за цената која Аталанта би ја побарала за да се откаже предвреме од неговите услуги.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski