Connect with us

Јирген Клоп избран за менаџер на годината во Премиер – лигата

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е прогласен за најдобар тренер на сезоната во англиската елита. 54-годишниот германски стручњак ја освои наградата по вторпат во кариерата откако беше најдобар и во 2020 година. Тој истакна дека тоа е најважното индивидуално признание што може да го добие, а не би успеал без неговите помошници.


„Ова за мене е голема чест, а зад нас е луда сезона. Во последното коло, во кое само два натпревари немаа натпреварувачко значење, ние останатите дадовме апсолутно се од себе. Беше тензично, а за нас немаше најдобар исход. Фактот што колегите ме изгласаа за најдобар е најдобрата награда што можете да ја добиете. Не верувам во индивидуални награди во фудбалот, ова е тимски спорт и јас би бил никој и ништо без моуте соработници во стручниот штаб“, изјави германскиот стратег.

Ливерпул в сабота ќе се бори и за трофејот во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови