
Работнички забележа две победи и две ремија во пролетниот дел од првенството, а на почетокот на третиот круг како и на почетокот на пролетта, ривал на „романтичарите“ е Академија Пандев. На снежните услови во Струмица тогаш славеше Работнички со 0-1, со голот на Кристијан Стојкоски, а утре тимот на Александар Влахо има нов голем предизвик.
Фудбалерот од средниот ред Стефан Јевтоски вели дека тој и соиграчите се полни со самодоверба и доколку Работнички повтори дел од минатите изданија очекува триумф.
„Работнички има сосема нов лик оваа пролет. Играме квалитетно, офанзивно, сакаме да постигнеме гол повеќе од противникот. Во исто време, сакаме да наметнеме доминација на средината на теренот, а кога се браниме, тоа да биде цврсто и бескомпромисно. И на досегашните натпревари тоа функционираше многу добро. Верувам дека и утре ќе се претставиме во такво издание и ќе победиме ако ги исполниме поставените задачи од шефот Александар Влахо. Полни сме самодоверба и мислам дека од нашето издание дали ќе го победиме тимот на Академија Пандев. Секако, за нив максимален респект, тоа е одличен тим со неколку квалитетни индивидуалци“, вели Стефан Јевтоски за официјалниот сајт на клубот.
Натпреварот меѓу Работнички и Академија Пандев е закажан за утре, со почеток во 15 часот, на Националната арена „Тодор Проески“. Главен судија на натпреварот ќе биде Јован Качевски од Струга.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер му постави ултиматум на Чалханоглу

Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Спартак Варна
