Connect with us

Иван Тричковски меѓу најдобрите стрелци во историјата на Лигата на Европа

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски се наоѓа меѓу најдобрите стрелци во историјата на Лигата на Европа. Напаѓачот на АЕК Ларнака има постигнато 23 гола во ова европско натпреварување и се наоѓа на 17.место на оваа листа, а е во друштво со врвни светски голгетерски имиња. 

На врвот на листата е Швеѓанецот Хенрик Ларсон со 40 постигнати гола, пред Клас Јан Хунтелар (34) и Ариџ Адуриз и Радамел Фалкао, кои се на делба на третата позиција со 31 гол. Тука се и имиња како Дитер Милер, Кевин Гамеиро, Алесандро Алтобели, Клаудио Пизаро, Оскар Кардозо…Тричковски има идентични 23 гола како и Јуп Хејнкес, а еден постигнат гол повеќе од легендарниот Јирген Клинсман.  

  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови