Connect with us

Инзаги: Разочарани сме, но тоа треба да ни даде нова сила

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, го коментираше ремито на неговиот тим против Салернитана во натпреварот од 29. коло на италијанската Серија А. Тој не може лесно да ја пронајде причината за неостварениот триумф.


„Тешко е да се најдат зборови по таков натпревар. Сето тоа го видовте сами, тимот се претстави многу добро и тоа само два дена по натпреварот со Јувентус. Главната причина што не победивме е затоа што не можевме да постигнеме втор гол за да го решиме натпреварот. Разочарани сме, но ова треба да ни даде нова сила. Гледам колку напорно работат момците и целосно верувам дека можат да го направат тоа. Немам за што да им замерувам“, изјави Инзаги.

По 29 одиграни натпревари, Интер е на четвртото место во Серија А со 51 бод, еден помалку од градскиот ривал Милан, кој исто така киксна во пресметката со Емполи. Постои голема можност тимот на Инзаги да испадне од топ 4 доколку Рома победи против Торино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови