
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, зборуваше по ремито 3-3 на неговиот тим против Барселона во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.
„Одигравме одличен натпревар, поведовме со 0-2, сè уште не разбирам зошто тој гол на Мхитарјан не беше признат, така што има и жалење, но знаеме дека одигравме одлично против, според мене, најдобриот тим во светот“, рече Инзаги.
Тренерот на „нероаѕурите“ посебно го пофали играчот на Барселона, Ламин Јамал, за кого рече дека бил огромен предизвик да се запре.
„Се обидовме да поправиме некои работи, бидејќи Ламин Јамал е играч каков што немам видено најмалку 8-9 години. Ни создаваше огромни проблеми. Секогаш требаше да има двајца играчи на него, а и тоа не беше доволно, па понекогаш и тројца, што оставаше празнини на други места и не тераше да играме подлабоко. За среќа, со текот на времето и тој изгуби малку интензитет, бидејќи и Барселона одигра многу натпревари оваа сезона. Второто полувреме беше многу добро издание“, додаде Инзаги.
На крајот, стратегот на Интер ја коментираше и состојбата на својот фудбалер Лаутаро Мартинез.
„Почувствува грч, но имаше осум последователни натпревари. За жал, ги имавме тие мали проблеми, бидејќи немав на располагање играчи како Турам, а и Тареми се враќаше по повреда, па не можеа да ротираат. Кога почнуваш осум натпревари по ред, постои ризик од повреда. Се надевам дека не е ништо сериозно, но имам некои сомнежи“, заврши Инзаги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
