Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, верува дека италијанскиот клуб постигнал „нешто посебно“ откако обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите во конкуренција на Баерн Минхен и на Барселона.
„Нероаѕурите“ во претпоследното коло од групата Ц го совладаа Плзен со 4-0 и со 10 бода го обезбедија второто место, а со тоа продолжување во нокаут фазата од ЛШ.
„За да ја постигнеме оваа цел, која ни беше прва во сезоната, моравме да направиме нешто посебно. Игравме подобро со секој изминат натпревар. Почетокот против Баерн беше тежок, но потоа двата натпревари против Барселона ни дадоа голема самодоверба. Среќни сме за клубот и за нашите навивачи“, изјави Инзаги.
„Секогаш верувавме, но знаевме дека сме во многу тешка група бидејќи Баерн и Барселона се исклучително силни тимови. Затоа, можеби дури и ги надминавме очекувањата со пласманот во осминафиналето пред крајот на натпреварите. Момците заслужуваат големо браво“, додаде стратегот на Интер.
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку се врати во игра по два месеци лекување на повредата. Тој влезе во 83. минута како замена и набргу потоа постигна гол за да ги постави конечните 4-0 против чешкиот ривал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













