Connect with us

Инзаги: Мојата авантура во Интер е прекрасна, сега критичарите ќе замолчат

Tренерот на Интер, Симоне Инзаги, за првпат стана шампион со „нероаѕурите“. Неговиот тим ја потврди титулата со победата над градскиот ривал Милан (2-1). За Инзаги ова е вкупно 9. трофеј како тренер, шести како кормилар на тимот од „Џузепе Меаца“.


„Чувството е неверојатно. Направивме нешто големо и има многу херои: играчите, клубот, претседателот, кој сега не е тука, но секогаш е тука за тимот. Секој ден работиме напорно со амбиција да станеме посилни. Од првата сезона и мечот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите се виде дека имаме потенцијал и оттогаш одиме нагоре. За тоа време освоивме шест трофеи“, сподели среќниот Инзаги.

„Моето патување во Интер е прекрасно. Секогаш ќе му бидам благодарен на Лацио за можноста да ја започнам мојата тренерска кариера. Се сеќавам на сезоната која беше откажана поради коронавирусот. Тогаш до последен момент бевме во трка за титулата. Од Лацио сакаа да останам, но нешто ми кажа дека е време за промена“, продолжи стратегот на „нероаѕурите“.

„Многумина ме советуваа да не одам во Интер, но чувствував дека треба да го направам токму тоа. Познавав неколку луѓе во менаџментот и знаев дека можеме да го продолжиме успешниот циклус. Во тешките моменти им дозволивме на критичарите да зборуваат, но сега тие ќе бидат потивки“, истакна Инзаги.

„Натпреварот беше квалитетен. Можевме да постигнеме втор гол пред паузата. Генерално одигравме многу добро. Жал ми е за тензијата во последните минути, но пред тоа натпреварот беше коректен“, прокоментира тренерот на Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови