Connect with us

Интер со минимален триумф над Верона (ВИДЕО)

Интер оствари минимална, но многу важна победа против Верона со 1-0 и остана во трката за титулата во Серија А, каде што заостанува три бода зад лидерот Наполи, на само три кола до крајот на сезоната.

Иако мислите на „нероаѕурите“ беа насочени кон реваншот со Барселона во Лигата на шампионите, тие успеаја да извлечат минимален триумф на „Џузепе Меаца“. Решавачкиот момент се случи уште во деветтата минута, кога Интер доби пенал, а Кристијан Аслани беше прецизен од белата точка.

Со овој гол, Интер ги освои новите три бода и ја прекина низата од два порази во првенството.


Во следното коло, тимот на Симоне Инѕаги ќе има тешко гостување кај Торино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови