Интер е заинтересиран за голманот на Наполи, Алекс Мерет. Планот на „нероаѕурите“ е да потпишат со него како слободен играч по завршувањето на сезоната.
Преговорите за нов договор на Мерет со Наполи се во застој, што го става Интер во поволна позиција да го обезбеди неговиот потпис без обештатување, слично како што го направија тоа и со Пјотр Зиелински.
Наполи плати 26 милиони евра на Удинезе за Мерет во 2019 година, а неговите перформанси ги следат и клубови како Арсенал и Пари Сен Жермен.
Првиот голман на Интер, Јан Зомер, следниот месец ќе наполни 36 години. Клубот активно бара долгорочна замена, а Алекс Мерет е еден од главните кандидати.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













