Connect with us

Интер не планира да го задржи Лукаку, туку да го доведе Маркус Турам

Италијанскиот калчолигаш Интер планира да се раздели со Ромелу Лукаку на крајот на сезоната и да потпише договор со Маркус Турам, тврди „Калчомеркато“.


Договорот на 25-годишниот француски напаѓач со Борусија Менхенгладбах истекува во јуни, а директорот на клубот Роланд Виркус веќе потврди дека фудбалерот нема да го продолжи.


Интерес за Турам покажуваат голем број европски тимови, меѓу кои и Барселона, Челси и Баерн Минхен.


Според изворот, Интер нема да го задржи позајмениот играч на Челси, Ромелу Лукаку, и ќе ги насочи напорите кон потпишување на Французинот.


Белгискиот напаѓач има постигнато само два гола на 11 натпревари во Серија А досега.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови