Connect with us

Интер му „краде“ уште еден одличен фудбалер на градскиот ривал?

Италијанскиот калчолигаш Милан најверојатно ќе загуби уште еден квалитетен играч без надомест по Донарума и Чалханоглу. Нема напредок во преговорите околу новиот договор за Френк Кеси, тој бара повеќе пари отколку што може да понуди Милан.


Станува збор за 8 милиони евра и дополнителни 2 милиони евра во бонуси, што е далеку од понудата на Милан.

Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска чека и други понуди, се споменува неизбежниот ПСЖ, како и неколку англиски клубови, пред се Манчестер Јунајтед и Ливерпул, но италијанските медиуми тврдат дека неговата желба е да остане во Италија, каде што игра од својата 17-та година.

Интер тука ја гледа шансата да земе уште еден одличен фудбалер од големиот градски ривал. Бепе Марота ќе се обиде да ги скрати трошоците со продажбата на Санчез, Видал и на Перишиќ, а тоа би ослободило простор во буџетот за Френк Кеси.

Интер исто така го следи исходот и околу Лоренцо Инсиње, кој не наоѓа заеднички јазик со Наполи. Доколку нема договор во наредните неколку месеци, лесно може и тој да заврши на „Џузепе Меаца“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови