Connect with us

Интер има проблеми со главниот спонзор

Италијанскиот вицепрвак Интер има проблеми со главниот спонзор. „Digitalbits“ не ја извршил првата усплата на сметката „нероаѕурите“, пишуваат медиумите во Италија. На крајот на август минатата година беше потпишан договор меѓу Интер и спонзорот, според кој на поранешниот шампион на Италија му се гарантирани 85 милиони евра за четири години.


Сепак, „Газета дело Спорт“ тврди дека имало проблем и Интер не ја добил првичната уплата, поради што клубот ќе го покрие логото на спонзорот на дресовите.

Овој спонзор прво беше на ракавот на дресовите на Интер, но од сезоната 2022/23 треба да биде на предната и задната страна на дресот.

Интер ќе ја отвори новата сезона во Серија А против новиот калчолигаш Лече.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови