Connect with us

Имобиле повторно се повреди

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, заработи нова повреда која ќе го оддалечи од теренот во следните два натпревари на тимот, објави „Газета дело спорт“.


Италијанецот ќе го пропушти првиот натпревар на својот тим против АЗ Алкмар од Конференциската лига на УЕФА и средбата со Болоња од Серија А. Напаѓачот е под знак прашалник и за римското дерби на 19 март против Рома пред репрезентативната пауза.

33-годишниот фудбалер се здоби со повреда во триумфот (0-1) против Наполи. Тој беше стартер и го одигра целиот натпревар, но не тренираше со соиграчите во неделата. Според информациите, Чиро Имобиле ќе биде подложен на дополнителни медицински тестови во наредните денови, но ќе мора да мирува одреден краток период.

Имобиле пропушти 10 натпревари поради повреда оваа сезона, постигнувајќи 11 гола во 27 настапи за Лацио во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови