Еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, ја разгледува можноста да се приклучи во понудите за купување на англискиот гигант Манчестер Јунајтед. Според британскиот таблоид „Дејли мејл“, милијардерот е заинтересиран за ваква зделка и бил подготвен да понуди 4,5 милијарди фунти. Тоа треба да се случи што е можно поскоро, бидејќи крајниот рок за нови понуди за Манчестер Јунајтед е петок.
Маск, кој според „Форбс“ е вториот најбогат човек во светот, секако може да си дозволи соодветна инвестиција. Во август на Твитер објави дека го купува Манчестер Јунајтед, но после тоа истакна дека се шегува. Сега, сепак, идејата може да се претвори во реалност.
Минатата недела англиските медиуми открија дека досега има пет кандидати кои појавиле интерес за изнајмување на Манчестер Јунајтед.
Семејството Глејзер, кое моментно е сопственик на Манчестер Јунајтед, сака 6 милијарди фунти за продажба на клубот.
Според англиските медиуми, сепак, најмногу понуди ќе бидат за околу 4,5 милијарди со обврска за дополнителни инвестиции за реконструкција на „Олд Трафорд“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski