
Шкупи е во незавидна позиција, на само два дена до почетокот на новата сезона во Првата лига. Клубот е во хаос, сѐ уште им се должат пари на фудбалерите кои ја завршија минатата сезона, а почнаа да си заминуваат дури и оние кои дојдоа во тимот од Чаир ова лето.
Еден од нив е Ринор Ајдини, фудбалерот за врска кој минатата сезона играше за Гостивар и неодамна беше промовиран како ново засилување за Шкупи. Но, тој ја информираше јавноста дека заминува.
„По заеднички договор со клубот ФК Шкупи, денес донесов одлука да го завршам мојот ангажман.
Иако престојот ми беше краток, доволно беше да почувствувам искрена поддршка и почит.
Посебна благодарност упатувам до навивачката група Шверцери – вие сте срцето на овој клуб. Вашата страст, љубов и глас кој никогаш не замолчува, секогаш ќе ги носам со себе.
Ви посакувам многу успеси – и на теренот и надвор од него. Ви благодарам за сѐ!“, објави Ринор Ајдини.
По ова, се поставува прашањето дали Шкупи воопшто и ќе го стартува новото првенство на Македонија во Првата лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-18 ремизираше (2-2) со Словачка

Евро-фудбал
Левандовски следното лето доаѓа во Милан?

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
