Connect with us

И Флорентино Перез заплака при говорот за збогум на Анчелоти и на Модриќ (ВИДЕО)

Карло Анчелоти денеска се прости од Реал Мадрид. Легендарниот стручњак ги напушта „кралевите“ и станува селектор на Бразил, а неговите проштални зборови ќе останат засекогаш запаметени.

По четири години во својот втор мандат, Анчелоти заминува од клупата на Реал Мадрид. Легендарниот Италијанец ја продолжува својата кариера во Бразил, каде што ќе ја води репрезентацијата на „кариоките“.

„Дон Карло“ се збогуваше со победа над Реал Сосиедад (2-0), а по завршувањето на натпреварот зеде микрофон и се обрати на публиката на „Сантијаго Бернабеу“.

„Не е лесно да се зборува вечерва“, започна Анчелоти и продолжи:

„Чест ми беше што го водев овој клуб. Му благодарам на претседателот Флорентино Перез. Ви благодарам на сите за овие прекрасни моменти. Ова беше незаборавна приказна.“

„Не можам да заборавам ниту еден ден што го поминав овде“, порача Анчелоти, а потоа се прости со зборовите:

„Хала Мадрид и ништо повеќе. Ве сакам од срце. Збогум“, беа зборовите на Анчелоти.

Емоциите беа преголеми дури и за обично камениот Флорентино Перез, кој пушти солзи за време на говорите на Карло Анчелоти и Лука Модриќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови